Тренерот на Челси, Антонио Конте после натпреварот против Арсенал во полуфиналето на Лига купот, каде неговиот тим беше поразен со 2-1, со што го заврши настапот во ова натпреварување, кажа дека нема голема активност клубот на трансфер пазарот. Нормално, од страна на новинарите не изостана прашањето за Един Џеко, кој според наводите е блиску до лондонскиот клуб.
„Немам голема активност на трансфер пазарот.“ – изјави Конте за медиумите по поразот од Арсенал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси долго се поврзува со напаѓачот на Рома, Един Џеко, а италијанските медиуми во средата пренесоа дека договор меѓу двата клуба е веќе постигнат.
Освен со Џеко, Челси се поврзуваше и со Енди Керол и Ешли Барнес, се со цел Конте да најде алтернатива за Мората, кој моментално е главен напаѓач на Сините.
Кога беше запрашан за Џеко, италијанскиот стручњак повтори дека ситуацијата е надвор од неговите раце.
„Не сакам да зборувам за трансферите, клубот ги носи овие одлуки, и како што реков претходно, мојата главна задача е да се обидам да ги подобрам своите играчи.“ – изјави Конте.