Конте е силно заинтересиран во Тотенхем да го доведе дефанзивецот на Интер, Стефан де Врај.
30—годишниот Холанѓанец влезе во последната година од договорот и одби да го продолжи договорот со Интер, па во јануари ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Тотенхем ја следи ситуацијата и наскоро ќе стапи во контакт со неговиот агент и сака да го доведе на лето како слободен агент.
Конте е во потрага по искусен стопер и верува дека Холанѓанецот ќе биде идеално засилување за тимот, особено поради фактот што одлично го познава.
Де Врај сака да игра во Премиер лигата и е спремен да ја прифати понудата на „Спарси“.