Дома Фудбал Де Врај во Интер до 2025 година

Де Врај во Интер до 2025 година

Дефанзивецот на Интер, Стефан де Врај стави потпис на нов договор со „нероаѕурите“ до 2025 година.

Договорот на Де Вриј со Интер истекуваше овој месец, па иако се очекуваше да си замине како слободен агент, сепак одлучи да остане на „Џузепе Меаца“.

После сигурното заминување на Скриниар, Интер не сакаше да остане без уште еден стандарден дефанзивец, па почна преговори со Де Врај.

Двете страни брзо постигнаа договор, па Холанѓанецот и во наредните две години ќе остане во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…