Дома Топ вести Конте го напушта Челзи, познато каде ќе ја продолжи кариерата?

Конте го напушта Челзи, познато каде ќе ја продолжи кариерата?

Антонио Конте ќе ја напушти клупата на Челзи следното лето.

Италијанскиот стратег клупата на „Сините“ ја превзеде во 2016. година. Тимот во првата сезона го одведе до титулата, но оваа сезона работите со играчите не фукнционираат најдобро. Се е поизвесно дека Конте во следните месеци ќе го напушти местото тренер на лондонскиот клуб, а „Le Parisien“ тврди дека веќе се знае и која ќе биде неговата следна дестинација.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Конте на лето следната година би требало да го превземе францускито ПСЖ. Ќе го замени Унаи Емери од кого управата на парискиот тим не е задоволна, а преговорите со 48-годишниот Италијанец наводно се започнати. Конте во тренерската кариера работеше како селектор на Италија (2014-2016), а најголеми успеси имаше на клупата на Јувентус со кого освои три титули шампион на Италија.

Исто така, работеше и во Сиена, Аталанти, Бари и Арецо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…