Дома Трансфер зона Конте го кажал своето: Тотенхем сега е фаворит за Влаховиќ!

Конте го кажал своето: Тотенхем сега е фаворит за Влаховиќ!

Душан Влаховиќ е се поблиску до зимски трансфер затоа што Фиорентина сака што повеќе да заработи од неговото заминување.

Влаховиќ нема да потпише нов договор, првичниот план беше да остане до лето и тогаш да се избере најдобрата понуда. Меѓутоа во Фиорентина наводно го смениле мислењето и спремни се да го продадат во јануари затоа што цената ќе му биде повисока.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанските медиуми денес објавија дека Тотенхем е во пол-позиција и дека ќе биде најконкретен во зимскиот преоден рок. Наводно Антонио Конте јасно им ставил до знаење на Фабио Партичи и Даниел Леви дека сака да го има Влаховиќ во тимот.

Парите не би требало да бидат проблем затоа што во случај да пристигне Влаховиќ, Кејн би бил продаден за уште поголема сума. Цената на Влаховиќ во јануари е околу 80 милиони евра, додека Тотенхем Кејн може да го продаде за околу 100.

Се потсетува дека Јувентус исто така сериозно размислуваше за Влаховиќ, но во Торино не можат да си дозволат толкава сума во јануари затоа што треба да се ослободат од скапо платени играчи како што се Рамзи, Мората и Рабио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…