Дома Фудбал Англија Конечно некој добар абер за Мурињо: Двајцата клучни играчи се враќаат против Тотенхем

Конечно некој добар абер за Мурињо: Двајцата клучни играчи се враќаат против Тотенхем

Конечно добри вести за Жозе Мурињо и Мначестер Јунајтед.

Како што пишуваат англиските медиуми, Немања Матиќ и Антонио Валенсија ќе бидат во комбинација за мечот на Јунајтед против Тотенхем.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Обајцата играчи се поведија пред стартот на сезоната, но би можеле да заиграат на „Олд Трафорд“ во понеделник навечер против Спарси. Тие досега не играа, така што ова би им бил прв меч оваа сезона.

Матиќ имаше зафат на абдоменот пред еден месец, додека Валенсија имаше проблеми со листот.

Обајцата се вратија на полн тренинг. Тие доста недостасуваа во Јунајтед во првите два меча, особено тоа се виде против Брајтон кога порасна притисокот на Мурињо.

Португалецот ова лето не ги доби побаруваните засилувања, а овие играчи кои моментално се во ростерот на Манчестер, не нудат игра која ќе ги задоволи навивачите, Враќањето на споменатите двајца може да ги поправат работите, а мечот против Тотенхем ќе биде вистинска шанса да видат до каде се и што се.

Спарси во првите два меча оваа сезона забележаа победа. Прво славеа против Њукасл со 2:1, а потоа го добија и Фулам со 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…