Дома Фудбал Конечно: Најскапата аквизиција се враќа во тимот на Барса!

Конечно: Најскапата аквизиција се враќа во тимот на Барса!

Најскапата аквизиција на Барселона, Осман Дембеле е целосно рехабилитиран од повредата и е спремен да се врати на терените, пренесуваат шпанските медиуми.

Французинот ова лето пристигна на „Камп Ноу“ од Борусија Дортмунд за повеќе од 100 милиони евра, но веднаш се повреди и цели три месеци беше надвор од терените.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„После долгото лечење на повредата на левиот бутен мускул, 20-годишниот Французин сега е на располагање на тренерот Ернесто Валверде“, соопштија од Барселона.

Дембеле се повреди на 16-ти септември на мечот со Гетафе, па мораше да му биде извршена операција на бутниот мускул. Се очекува Французинот да биде повикан за мечот со Селта од Купот кој се игра утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Делегацијата на Црвена Звезда во Скопје се сретна со Панчев (Фото)

Во Скопје вчера натпревар одиграа Вардар и Црвена Звезда со цел за собирање средства за на…