Фудбалерот кој оваа сезона како позајмен фудбалер настапува во редовите на Валенсија со својата последна изјава најдобро објасни како се чуствувал во Милано.
Џефри Кондогбија од кога пристигна во Валенсија како позајмен играч од Интер игра како препороден и успеа да ја врати старата форма.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Проблемот за Кондогбија е што е на позајмица. За да остане во Шпанија Валенсија ќе мора да плати 25 милиони евра, а фудбалерот се плаши дека поради тоа ќе мора да се врати во Италија.
„Не сакам да се вратам, собирам пари за сам да платам 25 милиони, за да не се вратам“, изјави Французинот за кој Интер на Монако му плати 40 милиони, но на „Меаца“ никако не успеваше да го покаже својот квалитет.
„Во Интер за две години се променија пет тренери, секоја година го менуваат тимот. Никако не можеш да се вклопиш и да играш во континуитет. Потребна е стабилност за да продолжиш понатаму, да им веруваш на играчите и тренерот, дури и кога на тимот не му оди“, изјави Кондобија.