Дома Трансфер зона Конате веќе ги поминал лекарските прегледи во Ливерпул

Конате веќе ги поминал лекарските прегледи во Ливерпул

Ливерпул е во завршна фаза за комплетирање на трансферот на дефанзивецот на Лајпциг, Ибрахима Конате.

Француските медиуми пренесуваат дека Конате веќе ги минал лекарските прегледи пред трансферот во Ливерпул.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Според англиските медиуми Ливерпул ќе ја плати откупната клаузула за 21-годишниот Французин, која изнесува 40 милиони евра.

Клоп е во потрага по дефанзивец кој ќе може да го замени повредениот Ван Дајк, но исто така во иднина да биде и негов партнер во дефанзивната линија.

Конате игра фантастилна сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Ливерпул ја победи конкуренција.

„Црвените“ веќе ги договориле сите детали со неговиот агент и Конате ги минал лекарските прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…