Репрезентацијата на Србија настапот на Светското првенство го заврши уште во групната фаза и тоа како последна во конкуренција со Бразил, Швајцарија и Камерун.




Секако дека ова е огромно разочарување за нашиот сосед, меѓутоа она што се случуваше на една српска телевизија е навистина неверојатно и ретко каде може да се најдат такви изговори.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Водителката разговараше со лице кое во емисијата беше необично облечено и објаснуваше како тоа репрезентациите имале свои врачеви. Водителката на неговите зборови пушти и видео од навивачка која изгледа како да „фрла магии“, зборувајќи дека е исплашена.




На сето тоа господинот во студиото на крајот додаде дека Швајцарците имале свои врачеви и секој од нив поединечно добивал 10 милиони долари.




Слушнете, ние уште не можеме да поверуваме дека господинот е сериозен…



