Дома Фудбал Останато Кулушевски предизвика хаос во Шведска, се огласи и Ибра

Кулушевски предизвика хаос во Шведска, се огласи и Ибра

Дејан Кулушевски кој е еден од најдобрите млади фудбалери во Европа, предизвика вистински хаос во Шведска затоа што остана на клупата за резерви на дуелот со Франција.

Кулушевски отворено го нападна селекторот на Шведска и изјави дека бил шокиран кога видел дека нема да биде стартер на дуелот со Франција од Лигата на нации.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Немав време да влијаам на текот на мечот. Бев шокиран. На тренингот беше супер, чудно е чувството, но го почитувам изборот на селекторот и се надевам дека на следниот меч ќе играм од почеток“, изјави Кулушевски, кој има македонско потекло.

Швеѓаните загубија со 0-1, Кулушевски одигра само 20 минути, а на негова страна застана Ибрахимовиќ, кој исто така го нападна селекторот.

„Вистинска шега. Уште еден доказ дека имаме некомпетентни луѓе на погрешни позиции кои го задушуваат шведскиот фудбал“, напиша Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Несреќа! Палета падна врз познат босански тренер: Во тешка состојба, докторите се борат за неговиот живот

Мирза Ѓапо, некогашен познат фудбалер и сегашен посветен тренер на младинската секција на …