Дома Останати Авто Мото Колкави се платите на возачите во Формула 1? Најплатениот добива 42 милиони евра годишно!

Колкави се платите на возачите во Формула 1? Најплатениот добива 42 милиони евра годишно!

Помеѓу љубителите на Формула 1 секогаш постои желба да се знае кој е најплатен возач во „најбрзиот циркус во светот“.

„Бизнис Бук“ е незавина истражувачка компанија која веќе девет години ја истражува ситуацијата во Формула 1. Сега таа објави листа од 20 најплатени во 2019 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Убедливо најплатен е Луис Хамилтон кој во Мерцедес добива 42 милиони евра по сезона, седум повеќе од возачот на Ферари Себастијан Фетел.

Трет на листата е Даниел Рикардо со плата од 20 милоони додека Макс Верстапен во Ред Бул Хонда има годишна заработка од 12 милиони евра.

Нико Хулкенберг и Валтери Ботас заработуваат по осум милиони, Кими Раиконен шест, а Карлос Санјц и Серхио Перез по четири милиони.

Чарлс Леклер е платен три милиони, додека Роман Грожан и Кевин Магнусен имаат плата од два милиони евра.

Ленс Строл и Пјер Гасли годишно од плата инкасираат 1.5 милион евра, а Роберт Кубица точно еден милион.

Дури пет возачи имаат плата од еден милион евра. Александар Албон и Денил Квајт заработуваат по 750.000 евра, Ландо Норис има плата од 700.000 евра, а Џорџ Расел и Антонио Џиованчи заработуваат по 500.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Тешко е да ја препознаете: Еве како изгледа Мото ГП патеката во Валенсија по поплавите 🎥

Oд големите поплави во Валенсија уништена е и тркачката патека Рикардо Тормо во Мото ГП. Д…