Дома Трансфер зона Коларов пристигна на прегледи (Фото)

Коларов пристигна на прегледи (Фото)

Српскиот фудбалер Александар Коларов после седум години го напушта Манчестер Сити и се враќа во Рим, но овој пат во дресот на Рома.

Коларов во 2010 година на „Итихад“ пристигна од Лацио, а сега одлучи да ја прифати понудата на големиот градски ривал на неговиот поранешен клуб.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Фудбалерот денес допатува во САД каде што се наоѓа екипата на Рома, каде што ќе ги помине лекарските прегледи и ќе ги започне припремите со својот нов клуб.

Покрај Манчестер Сити и Лацио овој лев бек настапуваше уште за ОФК Белград и Чукарички. Коларов во Рим пристигнува како позајмен фудбалер, со што „волчицата“ ќе има обврска на крајот од сезоната да го откупи неговиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…