Дома Фудбал Кол Палмер: Со напорна работа можам да ја освојам Златната топка

Кол Палмер: Со напорна работа можам да ја освојам Златната топка

Кол Палмер беше клучен играч за Челзи оваа сезона, учествувајќи во 11 од вкупно 16 постигнати голови.

На седум настапи постигна шест гола и забележа пет асистенции. Откако летово потпиша деветгодишен договор, Палмер би можел, според неговите зборови, да ја заврши кариерата во Челзи.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Апсолутно. Челзи ми е како дом. Целосно сум посветен на клубот и неговата иднина“, изјави 22-годишниот фудбалер кој влезе во потесниот избор за „Златната топка“ во интервју за „Телеграф“.

„Беше изненадување што бев препознаен на тоа ниво толку рано во мојата кариера. Тоа е голема чест. Победата би била брилијантна и верувам дека со напорна работа би можел да стигнам до таму“.

Тој не успеа да ја добие довербата на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, додека со Енцо Мареска неговата позиција е променета во однос на настапите под Покетино.

„Играњето во средината ми даде повеќе можности да влијаам на играта. Тоа одговара на мојот стил и мислам дека таму можам да бидам уште поефикасен“.

Кол Палмер по 54 одиграни натпревари веќе постигна 31 гол. Иако се уште е далеку од Френк Лампард, кој е најдобар стрелец на сите времиња на Челзи со 211 гола, сегашното темпо на Палмер сугерира голем потенцијал за иднината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Игра во хрватската трета лига, но за неговиот потпис битка водат европски гиганти

Италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо пренесува дека од раководството на Атлетико Мадрид …