Еден од најдобрите ирачи на Атлетико Мадрид и воопшто во Примера, Коке можел да заврши во Реал Мадрид, откри директорот на „јорганџиите“, Хил Мартин.
„Еден од трансферите за кои најмногу се гордеам е Коке. Тој имаше договор со Реал Мадрид и беше многу тешко да го донесеме. Требаше да разговарам со многу луѓе и да ги убедам. Тогаш Коке имаше 12 години“, откри Хил Мартин за шпанските медиуми.
Gil Marin has just revealed that when Koke was 12, Real Madrid came sniffing and he himself spoke to the kid and his family convincing them to stay! pic.twitter.com/h7HXaaeHIT
— AtléticoFans (@AtleticoFans) December 28, 2017
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шефот на Атлетико проговори и за тужбата која ја достави до ФИФА обвинувајќи ја Барселона дека го „врбува“ Гризман.
„Не бараме казна за Барселона. Бараме само респект. Едноставно си ги штитиме нашите права. Гризман секако ќе остане со нас до крајот на сезоната бидејќи скоро невозможно е некој да ја плати клаузулата која до јули ќе изнесува 200 милиони евра“, изјави Хил Мартин.