Дома Фудбал Лига на шампиони Коке: Пресврт е можен, сетете се што му се случи на ПСЖ!

Коке: Пресврт е можен, сетете се што му се случи на ПСЖ!

Екипата на Атлетико Мадрид е пред елиминација во Лигата на шампионите, откако синоќа во првиот полуфинален натпревар со убедливи 3-0 загуби од градскиот ривал Реал.

И покрај високиот пораз плејмејкерот на „јорганџиите“ Коке, верува во пласман во финалето, посочувајќи на пресвртот на Барса против ПСЖ како и победат над Реал од 4-0 пред две години.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи, тоа е убавината на овој спорт. Пред две години Роналдо играше, но загубија со убедливи 4-0. Тоа е фудбалот. Немојте да го отпишувате нашето враќање, само прашајте го ПСЖ“, вели Коке.

„Мора да побараме прошка од фановите и да размислуваме за реваншот. Сакаме да играме во уште едно финале од Лигата на шампионите и ќе дадеме се од себе за да бидеме таму. Нема да се предадеме“, додаде Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Џексон за преселбата во Баерн: Беа тешки денови, сакав само тука!

Фудбалерот од Сенегал, Николас Џексон, денес изјави дека последните денови од трансфер пер…