Манчестер Јунајтед нема да го гледаме во игата на шампионите наредната сезона.
„Црвените ѓаволи“ во 37-то коло од Премиер лигата гостуваа кај најлошиот тим во лигата, Хадерсфид и освоија само бод (1:1) и на коло пред крајот на сезоната ги изгубија сите шанси да играат во Лигата на шампионите наредната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Добро влезе Манчестер Јунајтед во натпреварот. Со голот на Скот Мектомини поведоа со 0:1, после осум минути игра и изгледаше дека лесно ќе дојдат до за нив важните три бода.
Промаши Јунајтед неколку прилики да ја обезбеди победата во овој натпревар, но не ги искористија, а тоа Хадерсфилд го казни во второто полувреме.
Се играше 60-татам инута кога Лук Шо направи очајна грешка, топката стигна до Мбенза кој го матираше Де Геа за 1:1.
Тргна потоа Манчестер Јунајтед на се или ништо. Имаа навистина неколку неверојатни шанси. Погба ја погоди и пречката во 89-тата минута, но топката не сакаше да влезе во голот.
Хадерсфилд се закануваше од контри, а Де Геа го спаси својот гол во 90-тата минута. На крајот ниту осум минути судиско продолжение не му беа довлни на Јунајтед да стигне до победата.
Во вториот натпревар во истиот термин Челзи го победи Вотфорд со 3:0 (Лофтус-Чик, Давид Луиз, Игуаин).