Дома Фудбал Англија „Кога Лестер беше шампион во Премиер лигата тогаш и Арсенал може да испадне“

„Кога Лестер беше шампион во Премиер лигата тогаш и Арсенал може да испадне“

Арсенал сезонава игра катастрофално лошо, па дури на Островот после 13 кола се зборува и за можно испаѓање на „топџиите“ од лигата.

Поранешниот играч на Арсенал, Реј Паролур порача дека со оглед како игра Арсенал постои можност тие да испаднат од лигата. Тој ситуацијата на Арсенал ја спореди со онаа бајка на Лестер кога никој не очекуваше тие да бидат шампиони.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Лестер беше аутсајдер за титулата, но направија чудо и ја освоија ПЛ. Сега Арсенал е во слична ситуација но на другиот крај на табелата. Верував дека Артета може да направи нешто, но клубот има само четири победи и 14 бода после 13 кола и се наоѓаат на 15 место, тоа е многу блиску до опасната сезона“.

„Во Премиер лигата се е можно, Лестер ни го докажа тоа. Некој ме праша дали Арсенал може да испадне му одговорив: Ако Лестер успеа да ја освои ПЛ, тогаш Арсенал може да испадне. Работата според мене е сериозна и мораат нешто брзо да променат и да почнат да освојуваат бодови“, изјави Паролур.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дел Пјеро бесен по новата елиминацијата, а еден цитат посебно ги боли Италијанците!

Азурите продолжуваат да се лизгаат уште подлабоко, иако како веќе да нема каде да одатR…