Дома Топ вести Кога игра Манчестер Јунајтед улиците на еден град празни (ФОТО)

Кога игра Манчестер Јунајтед улиците на еден град празни (ФОТО)

Оле Гунар Солскјер направи големи работи на клупата на Манчестер Јунајтед од моментот кога на местото на Жозе Мурињо седна на тренерското столче на „Олд Трафорд“.

Норвешкиот стратег покажа дека е доволно зрел да води тим каков што е Манчестер Јунајтед, а неговото доаѓање позитивно влијаеше на целиот тим кој е се поблиску до пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интересни фотографии сега пристигнуваат од улиците на градот Кристиансуд во Норвешка. Фотографиите се направени во времето кога игра Манчестер Јунајтед и од нив може да се заклучи дека градот е „празен“.

И додека во британските градови како Манчестер парковите и кафулињата се полни во тоа време жителите на Кристиансуд одат во своите домови или локалните барови каде што се следи натпреварот на „црвените ѓаволи“.

Ова е родниот град на Солскјер и луѓето тука многу го сакаат и почитуваат Норвежанецот, па поради тоа денес овој град навива за Манчестер Јунајтед.

Новинарите од Британија го посетија ова место и беа воодушевени од она што се случува за време на натпреварите на Јунајтед. Улиците се буквално празни и се појавува само по некој автомобил од некаде. Градот има 25.000 жители и се наоѓа на два часа лет од Осло на западниот брег на Норвешка.

Иначе, Оле никогаш не го напушти овој град. Често пати се враќа таму каде што среќава со старите пријатели и останатите жители на ова место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…