Вчера официјално потврдија двата клуба, а денес Тибо Куртоа и Матео Ковачиќ отпатуваа на спротивни страни на потпишувањето на договорот.
На крајот побрз беше Челзи, Матео Ковачиќ стави потпис на договорот и веќе се сликаше со дресот на „сините“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Навистина сума среќен и возбуден што ќе го носам дресот на Челзи. Ова е неверојатно чуство ќе дадам се од себе за овој клуб“, беше првата изјава на Ковачиќ како нов фудбалер на „сините“.
.@Mateo_Kova23: ‘I am really happy and excited to be here at Chelsea. It is an amazing feeling. I will try to do my best for this club.' ?#WelcomeKovacic pic.twitter.com/CKHVtCA8rJ
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 9, 2018
Задоволство од трансферот на Челзи изрази и директорката на клубот Марина Грановскаја.
„Многу сме среќни што имаме чест да ви го преставиме Матео како дел од семејството на Челзи. Тој е одличен играч и неговиот стил совршено одговара на силот на игра на Маурицио Сари, сигурни сме дека ова е одличен потег“.
Ковачиќ во Лондон пристигнува како позајмен фудбалер.
All confirmed! ?@Mateo_Kova23 is a Blue for the season ahead! #WelcomeKovacichttps://t.co/Nqxf6cxxuN
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 9, 2018