Плејмејкерот на Арсенал, Месут Озил размислува кариерата да ја продолжи во МЛС лигата следното лето, пренесуваат медиумите на Островот.
31-годишниот Германец е во немилост на тренерот Унаи Емери кој го исклучи од тимот, а клубот му ја отвори излезната врата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, Озил одбива да се пресели во клуб каде што ќе добива помала плата, па поради тоа голема е веројатноста да остане во Арсенал до крајот на сезоната.
Интерес за него покажува новиот клуб Интер Мајами, чиј сопственик е Дејвид Бекам. Овој клуб следната сезона ќе дебитира во МЛС лигата, па сака да донесе најмалку една голема европска ѕвезда.