Дома Трансфер зона Клубовите од Манчестер и Јувентус во битка за ѕвездата на ПСЖ

Клубовите од Манчестер и Јувентус во битка за ѕвездата на ПСЖ

Играчот за врска на ПСЖ, Адриен Рабио размилслува да ја промени средината ова лето, а интерес за него покажуваат неколку европски гиганти.

Имено, неговиот менаџер оваа недела ќе се сретне со претставниците на Јувентус, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, за да започне преговори за евентуален трансфер.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Рабио е дете на ПСЖ, но има само уште една година од договорот со „светците“ и одби да ја продолжи соработката.

Новиот тренер Томас Тухел нема ништо против неговото заминување, па најверојатно Французинот ова лето ќе ја промени средината.

Рабио минатата сезона одигра 43 натпревари за ПСЖ и постигна пет гола, но се најде на списокот на Дешамп. Имено, францускиот селектор го стави во резервите, по што Рабио одби и предизвика скандал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…