Дома Топ вести Клоп: Фудбалери како Рамос ги бркав од моите тимови

Клоп: Фудбалери како Рамос ги бркав од моите тимови

Јирген Клоп гостуваше во подкастот на Тони Крос и даде свое искрено мислење за легендата на Реал, Серхио Рамос.

Клоп не може да се помири со финалето во Лигата на шампиони во 2018 година кое го загуби Ливерпул со 1-3 од Реал Мадрид, откако Рамос го повреди Мохамед Салах.


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


„Ако погледнете повторно, а не сте навивач на Реал, ќе видите дека тоа беше непромислено и брутално. Ако ги ставите сите постапки на Рамос на куп, а јас гледам фудбал од пет годишна возраст, ќе видите што направи. Требаше таа ситуација подобро да се погледна. Сигурен сум дека Мо немаше да биде повреден во слична ситуација. Не сум сигурен дека нешто слично повторно ќе видиме. Рамос со лакт го удри голманот, со боречки зафат исфрли пр0тивник, а потоа излезе како победник од натпреварот. Рамос кажа многу работи што не ми се допаднаа. Не ми се допаѓаат неговите реакции“, истакна Клоп.

„Дали навистина е добар човек? Не го разбирам тој менталитет, никогаш не сум тренирал такви играчи. Кога ги имав, се погрижив да си заминат”, откри Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мурињо повреден на тренинг на Фенербахче🎥

Мурињо е во центарот на вниманието откако денес „настрада“ на тренингот на Фенербахче. Во …