Јирген Клоп создаде нова ѕвезда на „Енфилд“. 20-годишниот десен бек Конор Бредли доби шанса да игра пред Трент Александер-Арнолд и апсолутно ја оправда довербата на германскиот стручњак.
Младиот дефанзивец се истакна на теренот. Тој го постигна својот прв гол за Ливерпул во вториот настап во Премиер лигата, и запиша две асистенции.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во 68. минута се случи момент кој ова дете ќе го памети цел живот. Клоп реши да го повлече од игра за да добие аплауз, а цел Енфилд потоа се крена на нозе.
His second match with Liverpool 🌟
— Scout en Bois (@Scout_en_Bois) January 31, 2024
20y.o | RB | North Ireland | 68 minutes played | 1 goal ⚽️ & 2 assists 🎯
Conor Bradley vs Chelsea compilation pic.twitter.com/17GWcwPH6n
Се слушаа извици „Има само еден Конор Бредли“ и сигурно е дека мечот на ова момче против Челзи ќе се памети додека е жив.