Ѕвездата на Монако, Томас Лемар повеќе не е трансферна цел на Ливерпул и „црвените“ нема да праќаат понуда за време на летниот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми.
22-годишниот Французин беше посакуван од Јирген Клоп како замена за Филипе Кутињо, а пед неколку дена Лемар одби да го продолжи договорот. Тоа беше знак француските медиуми да ги засилат шпекулациите за негов трансфер на „Енфилд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, менаџерот на Ливерпул смета дека во текот на летото ќе може да донесе друг фудбалер кој што му е повеќе потребен, а ќе чини помалку од Лемар за кого Монако бара 90 милиони фунти.
„Мирор“ денес објави список на петмина фудбалери кои се на списокот на Клоп за летниот преоден рок. Стануба збор за Кристиан Пулишиќ (Борусија Дортмунд), Иско (Реал Мадрид), Набил Фекир (Лион), Малком (Бордо) и екс фудбалерот на Челзи, Оскар кој моментално игра во Кина.