Дома Фудбал Англија Клоп се налути: Разбирам дека е пандемија ама играчите се тестираат три пати неделно

Клоп се налути: Разбирам дека е пандемија ама играчите се тестираат три пати неделно

Meнаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп најави дека Роберто Фирмино најверојатно нема да биде во составот за мечот со Лидс.

Позната е веќе ситуацијата со фудбалерите од Премиер лигата кои отпатуваа во Јужна Америка да играат за своите репрезентации. Нивното враќање е проблематично затоа што најголем дел од земјите во Јужна Америка се на црвената листа на Велика Британија и за сите кои доаѓаат од овие земји е задолжителен карантин.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клоп сега зборуваше на оваа тема.

„Ситуацијата е навистина тешка и незгода за сите клубови, а посебно за фудбалерите. И играчите и клубовите сакаат тие да играат, но во овој момент не се знае дали ќе може“.

За Клоп се изгледа како казна за фудбалерите.

„Ова е вистинска казна за играчите. Ова е нивна работа, го прават она што го сакаат и навистина не е во ред да им се прави проблем. Разбирам дека светот е во пандемија, но фудбалерите се тестираат три пати неделно и се однесуваат поинаку од другите луѓе“, зборуваше германскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…