Дома Фудбал Англија Клоп пресече и веќе е уморен за нови шпекулации

Клоп пресече и веќе е уморен за нови шпекулации

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека ништо нема да се смени во случајот Филипе Кутињо.

Иако бразилскиот фудбалер сакаше да замине во Барселона и да го замени Нејмар, Ливерпул одби три понуди вредни повеќе од 130 милиони фунти и се е поизвесно дека до трансфер нема да дојде ова лето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Бројните прашања за судбината на Кутињо ги уморија и Јирген Клоп, што го призна во разгвор и за британските медиуми.

„Се уморив од постојано одговање на истото прашање.По 500. пат кажувам, ништо не се промени со Кутињо и нема да се промени“, истакна Клоп.

Курињо ги пропушти воведните две кола од ПЛ поради повреда, како и мечот против Хофенхајм во плеј-офот од ЛШ, но набрзо би можел да се најде во составот на Германецот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Премиер лигата донесе ново правило, а Арсенал пронајде начин да го искористи во своја корист!

Навивачите на Олд Трафорд забележаа „интересен“ потег на Арсенал кога станува збор за ново…