Дома Фудбал Останато Клоп пред дуелот со Милан: Ќе играме со комбиниран тим

Клоп пред дуелот со Милан: Ќе играме со комбиниран тим

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри дека ќе игра со комбиниран тим на дуелот со Милан во Лигата на шампиони.

Ливерпул веќе го обезбеди првото место во групата и утрешниот натпревар на „Сан Сиро“ за „црвените“ нема резултатско значење.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Ќе играме со комбиниран тим. Лекарскиот тим ќе ме убие ако почнеме со истиот тим повторно. Нормално е дека не можам да ги заменам сите фудбалери, но добро ќе ни дојдат свежи нозе на теренот. Игравме 5 натпревари за 14 дена и по оваа средба не очекуваат ист број дуели за сличен период“, изјави Клоп.

„Едвај чекам да играме на Сан Сиро. Ова ќе биде прв дуел за мене на овој легендарен стадион и сигурен сум дека ќе уживам“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познат терминот за Мундијалот за жени во 2027 година

Бразил во мај ја победи заедничката кандидатура на Германија, Белгија и Холандија за домаќ…