Дома Фудбал Англија Клоп: Нема да ги коментирам трансферите на Челзи без адвокат

Клоп: Нема да ги коментирам трансферите на Челзи без адвокат

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше прашан за коментар на огромните вложувања кои ги направи Челзи во јануарскиот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челзи ја помина границата од 300 милиони фунти за нови засилувања, а заедно со сумата која ја потроши летово надмина 550 милиони фунти.

Клоп се пошегува дека ако каже искрено што мисли на таа тема ќе му биде потребен адвокат.

„Ако зборувам искрено ќе ми треба адвокат, па нема да кажам ништо без мојот адвокат. Не го разбирам тој дел од бизнисот, но сумите се огромни. Сите играчи кои ги донесоа се многу добри. Не разбирам како е тоа возможно, но тоа не е моја работа“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сега и официјално: Јирген Клоп е нов селектор на Германија!

Познатиот фудбалски тренер Јирген Клоп (59) денеска официјално беше назначен за нов селект…