Ливерпул пронајде засилвуање кое ќе ги чини повеќе од 100 милиони фунти. Но, дали ќе успее да го доведе?
По играта против Рома во полуфиналето во Лигата на Шампионите, Ливерпул ќе може да бира играчи на летниот трансфер период, особено доколку ја освојат Лигата на Шампионите. Познато е дека Ливерпул има пари за засилувања, од продажбата на Кутињо, а доколку и ја освојат ЛШ ќе имаат дополнителни средства.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Познато е дека Ливерпул е заинтересиран за Томас Лемар од Монако. Тие и испратија понуда минатото лето, но таа беше одбиена од другата страна. Сега, како што пишуваат странските медиуми, Клоп „фрли око“ на играчот на Баер Леверкузен, Леон Бејли.
Леон е млад играч кој има само 20 години, но во него сите гледаат иднина, па така, младиот играч би можел да го чини Ливерпул повеќе и од Лемар, односно 100 милиони фунти. За Бејли се заинтересирани и повеќе големи клубови од Европа, а доколку Ливерпул сака да ги победи останатите клубови ќе мора да обезбеди пласман во ЛШ следната сезона.