Дома Фудбал Англија Клоп: Манчестер јунајтед за две години има повеќе пенали отколку ние за пет ипол години

Клоп: Манчестер јунајтед за две години има повеќе пенали отколку ние за пет ипол години

Ливерпул вчера изгуби со 1:0 на гости кај Саутемптон и тоа е веќе трет натпревар во низа на кој „црвените“ немаат победа во Премиер лигата.

Во овој дуел видовме и еден спорен момент кога во Ливерпул сметаа дека треба да добијат пенал, но главниот судија на мечот и оние во ВАР собата сметаа поинако.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Имав навистина добар поглед на ситуација и го прашав четвртиот судија: Ќе го проверувате ова? Тој ми одговори дека веќе го провериле и дека 100% не е пенал.  Јас навистина не знам како може толку брзо да ја видат ситуацијата од различни агли“.

„Сега слушнав и дека Манчестер Јунајтед има повеќе пенали добиено во две години отколку мојот тим за пет ипол години колку што сум тука“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси го објави најголемиот губиток во историјата на Премиер лигата

Челси го објави рекордниот губиток во Премиер лигата пред оданочување. Дефицитот од 262 ми…