Дома Фудбал Англија Клоп: Ливерпул ќе биде силен, ќе донесеме нови засилувања

Клоп: Ливерпул ќе биде силен, ќе донесеме нови засилувања

Ливерпул успеа да ги донесе двете посакувани засилувања во средниот ред во Алексис Мекалистер и Доминик Собослаи, но Клоп е убеден дека на неговиот тим му се потребни дополнителни засилувања.

Клоп ги смири фановите и им порача дека Ливерпул ќе има силен тим оваа сезона и дека до крајот на преодниот рок ќе пристигнат нови засилувања.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Имаме уште многу работа, а преодниот рок е во тек. Ако денот ми траше 28 часа, ќе имав со што да ги пополнам. Фокусот ми е на тренинзите, а по нивното завршување можам да му помогнам на клубот и во други активности“.

„Имаме уште помалку од еден месец до првиот натпревар, а во тој период очекувам да се случат одредени важни работи. Јасно е дека ни требаат уште неколку засилувања, но ќе имаме силен тим“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бонучи откри кои клубови ги одбил пред да потпише за Милан

Бонучи своевремено направи вистинска бомба потпишувајќи за Милан, но по само една година г…