Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше многу среќен после победата на неговиот тим над Вест Хем со што срушија неколку рекорди во Премиер лигата.
Со синоќешната победа Ливерпул го израмни рекордот на Манчестер Јунајтед од 18 победи по ред во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Никогаш не ни помислив дека на 11 натпревари до крајот ние ќе се наоѓаме во оваа ситуација. Рекордот е неверојатен, но јас никогаш не можев ниту да помислам дека тоа ќе се случи. Секој натпревар е тежок и не очекувам тоа да се промени до крајот. Многу сме блиску до титулата, но треба да ја довршиме работата до крај“, изјави Клоп.
Ливерпул има неверојатни 22 бода предност пред Манчестер Сити и со само едно реми и 26 победи е единствен тим во Европа.
Jurgen Klopp: “As long as the boys fight like they did tonight, I’m not too concerned.” ? pic.twitter.com/zRTAxFKHDd
— Anfield Watch (@AnfieldWatch) February 24, 2020