Многуте негодувања и поплаки од водечките клубови во Англија конечно вродија со плод и ќе има промена во програмата на Премиер лигата.
Имено, тие тимови кои играле натпревар од ЛШ во среда, после тоа нема да играат порано од сабота вечер. До сега често се случуваше одреден клуб да игра во среда навечер европски натпревар, а потоа во сабота да игра во 12:30 часот по англиско време.
Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓
Оваа одлука често беше критикувана од странските менаџери како Пеп Гвардиола, Јирген Клоп и Жозе Мурињо.
Денес Премиер лигата официјално објави дека постогнала нов договор со телевизиите кои ги имаат ТВ правата и ќе има нов распоред во програмата.
🚨 BREAKING 🚨
— Football Daily (@footballdaily) May 13, 2021
Premier League extends TV broadcast rights deal to 2025
£100M of additional funding will be provided to support areas of the football community pic.twitter.com/bVgNkClwtG