Дома Фудбал Англија Клоп: Воопшто не размислуваме за титулата

Клоп: Воопшто не размислуваме за титулата

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп може да биде презадоволен откако неговата екипа синоќа го прегази Лестер со 4:0 во 19. коло од англиската Премиер лига и така едната рака веќе ја стави на трофејот.

Предноста на „Црвените“ во однос на второпласираниот Лестер сега е 13 бода и треба да се случи чудо тимот на Клоп оваа предност да ја прокоцка.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, Германецот после натпреварот порача дека воопшто не размислува за титулата.

„Единственото што се менува за нас се бројките. Прво беше 10, па 11 и сега 13 бодови. Воопшто не се чуствуваме како прваци, тоа сега не не’ интересира. Се уште никој ништо не освоил, а сега не очекуваат натпреварите против Волвс, Шефилд, Евертон и Манчестер Јунајтед. За мене тоа не е завршена работа.“ – изјави Клоп после натпреварот.

Интересно е што Ливерпул следните три натпревари ги игра на „Енфилд“ против Волверхемптон, Шефилд и Евертон. Овој последен натпревар се игра во рамките на ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА донесе одлука: Финалето на ЛШ никогаш повеќе нема да се игра во 21 часот

Денеска ќе биде одржана ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите, а навивачите с…