Дома Фудбал Англија Клоп воодушевен од Мекалистер: Ги постигна двата најспектакуларни гола во сезоната!

Клоп воодушевен од Мекалистер: Ги постигна двата најспектакуларни гола во сезоната!

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Шефилд Јунајтед со 3:1 во натпреварот од 31. коло од англиската Премиер лига и со тоа останаа лидери во шампионатот.

Херој на „Енфилд“ беше аргентинскиот играч за врска Алексис Мекалистер кој постигна еврогол со кој „црвените“ го скршија отпорот на гостите на 15-тина минути до крајот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ова беше четврти гол на овогодинешното засилување на Ливерпул во Премиер лигата, а „десетката“ на клубот од „Енфилд“ има и пет асистенции.

Менаџерот на англиските гиганти, Јирген Клоп не криеше дека е импресиониран од играчот за врска.

„Тој е навистина добар играч, во првото полувреме играше како „шестка“, но знаевме дека можеме да го придвижиме напред. Потоа го постигна тој гол! Двата најспектакуларни гола во сезоната ги постигна токму тој (претходно против Фулам), неверојатен е“, воодушевено зборуваше Клоп.

До крајот на сезоната остануваат уште осум натпревари во Премиер лигата. Ливерпул е прв со 70 бодови, потоа Арсенал со 68 и Манчестер Сити со бод помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Готово: Покетино повеќе не е тренер на Челзи

Маурисио Покетино повеќе не е менаџер на Челзи, пренесе доброинформираниот новинар Фабрици…