Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп имаше вербален дуел со помошниот тренер на Евертон, Данкан Фергусон, за време на дербито на „Енфилд“.
Евертон после цели 22 години славеше на „Енфилд“ и со тоа ја продлабочи кризата на Ливерпул.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нервозата кај Клоп беше очигледна, па влезе во вербален дуел со Фергусон, кој почнал да се смее откако Ливерпул не доби пенал во второто полувреме.
„Зошто се смееш?“, го прашал Клоп, а овој веднап му одговорил.
„Дали на нас останатите ни е дозволено да зборуваме или само ти смееш да зборуваш?“
Jurgen Klopp and Duncan Ferguson involved in FURIOUS touchline row https://t.co/fVlsKXHpIV @MailSport
— deanparis (@deanparis78) February 21, 2021