Дома Фудбал Англија Клод Пуел пред мечот со Кардиф: Резултатот не е важен, не мислевме на фудбал!

Клод Пуел пред мечот со Кардиф: Резултатот не е важен, не мислевме на фудбал!

Менаџерот на Лестер, Клод Пуел смета дека резултатот на мечот со Кардиф викендов во Премиер лигата нема никакво значење.

Лестер беше погоден од трагедијата во која загина нивниот претседател Вишај Шриваданапраба, па ова ќе биде прв натпевар на „лисиците“ после несреќата.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Фудбалот не беше во нашите мисли оваа недела. Но овој викенд, како и изминатите, ќе играме за човекот кој направи премногу за нашиот клуб. Резултатот на овој меч воопшто не е важен“, истакна Клод Пуел.

„Важна е нашата желба, нашата сила да го дадеме најдоброто од себе за нашиот претседател. Мислам дека тоа е најважно во овој момент. Се надевам дека ќе најдеме баланс, бидејќи ако се оставиме само на емоцијата ќе биде тешко“, додаде францускиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Германија потврдија дека Милер ќе игра во МЛС

Баерн Минхен, Томас Милер, потврди дека ќе игра во американската Мејџор лига Сокер, соопшт…