Дома Останати Кошарка Клиперси подобри од Далас, одлично издание на Дончиќ и Јокиќ

Клиперси подобри од Далас, одлично издание на Дончиќ и Јокиќ

Кошаркарите на ЛА Клиперс синоќа успеаа да дојдат до победа против Далас со 109:99.

Клиперси во одличен натпревар на крајот запишаа нова победа иако Далас пружи добар отпор. Екипата од Лос Анџелес имаше предност од самиот почеток која не ја испушти до крајот.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Домашниот тим до нова победа ги предводеше Леонард со 22 поени, осум скокови и седум асистенции.

Во екипата на Далас и овој пат одличен беше Лука Дончиќ. Словенецот запиша нов трипл-дабл со 25 поени, десет скокови и 16 асистенции.

Одличен беше и Никола Јокиќ кој го предводеше Денвер во триумфот против Индијана со 121:106. Српскиот кошаркар натпреварот го заврши со 32 поени, 14 скокови и пет асистенции.

Бруклин славеше во градското дерби против Њујорк Никс со 117:112, а треба да се истакне и дека Лејкерси убедливо го совладаа Голден Стејт со 128:97.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Македонија му одржа лекција на Луксембург

Македонската кошаркарска репрезентација одигра квалитетен и дисциплиниран натпревар во клу…