Дома Фудбал Англија Кин жестоко го нападна Мурињо: Јунајтед е преголем за него!

Кин жестоко го нападна Мурињо: Јунајтед е преголем за него!

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин оштро реагираше на новите медиски изјави на Жозе Мурињо, кој се жалеше на густ распоред и изјави дека „црвените ѓаволи“ имаат напреијатели.

Кин смета дека португалскиот стратег зборува бесмислици и заклучи дека Манчестер Јунајтед можеби е преголем клуб за „Специјалниот“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Никогаш не сум слушнал толку многу глупости во мојот живот. Зошто треба да ги слушаме овие глупости? Нема смисла за тоа што се жали. Тој е менаџер на Манчестер Јунајтед, еден од најголемите клубови на планетата. Видете го оставот кој го има, а продолжува да се жали за распоредот“, изјави Кин.

„Ако погледнеме во ждрепките кои ги имаа ќе видиме дека имаа некои лесни патеки во купот, добри ждрепки, многу домашни натпревари. Тоа што тој го зборува нема смисла. Никогаш не сум слушнал толку глупости во мојот живот. Можеби клубот е преголем за него. Резервите на Манчестер Јунајтед можеа да го добијат натпреварот со Ростов. Преку глава ми е од неговото жалење“, оштар беше легендарниот фудбалер на Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…