Дома Топ вести Кимих на лето го напушта Баерн Минхен

Кимих на лето го напушта Баерн Минхен

Џошуа Кимих ќе биде на летната трансфер листа на Баерн Минхен, тврди денеска германски „Билд“.

Германскиот репрезентативец не е задоволен од статусот што го има во клубот, самиот најави дека сака да го напушти Минхен.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Како што пренесува новинарот Флоријан Плетенберг, Џошуа Кимих е заинтересиран за нова авантура, и на ум има пет клубови во кои би можел да ја продолжи кариерата.

Манчестер Сити, Ливерпул, Арсенал, Реал Мадрид и Барселона се клубовите кои го привлекуваат Џошуа Кимих.

Баерн нема намера да го пушти Кимих да замине бесплатно летото 2025 година и ќе биде отворен да ги слушне понудите за него на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…