Дома Трансфер зона Кикер кон Барса: Вие сте причината поради која Дембеле не се појави на тренингот!

Кикер кон Барса: Вие сте причината поради која Дембеле не се појави на тренингот!

Еден од најпознатите германски медиуми, Кикер, денес го обвини каталонскиот гигант дека тие се причината поради која фудбалерот на Борусија Дортмунд го пропушти денешниот тренинг.

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Осман Дембеле, инсистира на трансфер во Барселона, додека „милионерите“ се обидуваат на сите начини да го задржат во своите редови.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Дембеле го пропушти денешниот тренинг на „милионерите“, а од германскиот клуб денес истакнаа дека не знаат што се случува со нивниот фудбалер и дека немаат информација зошто тој не се појавил на денешниот тренинг.

Германски „Кикер“ денес излезе со обвинување кон каталонците дека тие го убедиле Дембеле да го пропушти денешниот тренинг со цел Борусија полесно да се откаже од неговите услуги.

Да потсетиме, Барселона испрати понуда од 100 милиони евра и плус 20 како бонуси, додека Германците бараат 150 милиони евра за услугите на нивниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи спреми 60 милиони за Кунде

Англискиот гигант Челзи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Барселона и француски реп…