Дома Фудбал Италија Киеза паузира седум месеци

Киеза паузира седум месеци

Напаѓачот на Јувентус Федерико Киеза го оперираше коленото и ќе отсуства од теренот седум месеци, соопшти торинскиот клуб.

Киеза ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено во натпреварот против Рома на 9-ти јануари.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Веднаш беше јасно дека за италијанскиот репрезентативец сезоната е завршена, но дури сега е утврдено колку ќе паузира. Се поставува прашањето дали 24-годишникот ќе биде спремен за почетокот на наредната сезона.

Сезонава Киеза беше еден од најважните фудбалери на Јувентус и на 18 натпревари постигна четири гола и запиша четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нови проблеми во Мадрид: Караница на Винисиус пред очите на 57 милиони следбеници

Винисиус Жуниор повторно предизвика контроверзии поради измената. Овојпат не пред очите на…