Дома Фудбал Англија Кејн стана најдобар стрелец во историјата, па порача: Не планирам да застанам

Кејн стана најдобар стрелец во историјата, па порача: Не планирам да застанам

Хари Кејн со голот против Италијан синоќа стана најдобриот стрелец во историјата на англиската репрезентација.

Фудбалерот на Тотенхем го собори рекордот што го делеше со Вејн Руни, кој постигна 53 гола на 120 натпревари за англиската селекција.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Кејн не планира да застане на бројката 54, особено поради фактот што е во одлична форма.

„Не сакам да гледам премногу далеку, но имам само 29 години и се чувствувам пофит од било кога, се чувствувам најдобро во кариерата. Не планирам да застанам, сакам да играм уште многу години. Играњето за Англија е најголемата сатисфакција за мене, сакам да постигнувам голови на секој следен меч“, изјави Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Откриено што зборувале браќата Tурам во дербито: Кефрен не го послушал Маркус!

Сè уште траат расправиите, навивачите на Интер се лути на Маркус Турам кој се смееше по по…