Дома Топ вести Кејн спремен да се пресели на „Олд Трафорд“ заедно со Покетино

Кејн спремен да се пресели на „Олд Трафорд“ заедно со Покетино

Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен централен напаѓач, пренесуваат медиумите на Островот.

Едисон Кавани на лето ќе го напушти клубот, Марсијал најверојатно ќе биде продаден кога ќе му заврши позајмицата, а клубот повеќе не смета на Мејсон Гринвуд.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поради тоа клубот сака да донесе врвен напаѓач, а најголема желба е Хари Кејн од Тотенхем.

Не е тајна дека Маурисио Покетино од лето може да седне на клупата на „црвените ѓаволи“, а тој ќе инсистира да биде доведен Хари Кејн на „Олд Трафорд“.

Двајцата имаа одлична соработка во Тотенхем и Кејн е спремен да се пресели во Манчестер Јунајтед за повторно да работи со Аргентинецот.

Хари Кејн минатото лето беше пред трансфер во Сити за 150 милиони евра, но во последен моменто тој трансфер беше стопиран  од Даниел Леви.

Останува да видиме дали „црвените ѓаволи“ ќе успеат да го убедат Тотенхем да ја пушти својата ѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити

Приоритет на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде засилување на одбраната, а најново…