Дома Трансфер зона Кејлор Навас станува нов голман на ПСЖ

Кејлор Навас станува нов голман на ПСЖ

Костариканскиот голман Кејлор Навас (32) веројатно ќе ги напушти редовите на Реал Мадрид.

По завршувањето на сезоната овој 32 годишен голман се опрости со навивачите на Реал Мадрид и беше јасно дека после пет години го напушта Мадрид.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Неговиот нов тим би требало да биде францускиот првак ПСЖ. Марка тврди дека има преговори околу трансфер на искусниот голман и тој е се поизвесен.

Навас минатата сезона го загуби првотимскиот статус откако дојде Тибо Куртоа. Сепак, со доаѓањето на Зидан на клупата на Реал се врати на своето место, но Реал сепак се одлучи дека Белгијанецот ќе им биде прв избор наредната сезона.

Костариканецот исто така ќе има голема конкуренција и во Париз. Таму е Ареола, кој имаше одлична сезона во која за стартното место се бореше со легендарниот Џиџи Буфон.

ПСЖ вчера објави дека 41-годишниот Буфон го напушта клубот. Замената е веќе најдена и сигурно дека ПСЖ ќе добие поголема сигурност меѓу стативите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…