Ливерпул во текот на изминатата вечер го официјализираше трансферот на Фабињо од Монако за сума од 50 милиони евра (45+5 како бонуси).
Но, како што пренесуваат медиумите на Островот Ливерпул нема намера да застане тука и веднаш тргнува по нова мета – Набил Фекир!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако се очекуваше со трансферот на Фабињо да го изгубат интересот за Фекир, сепак Клоп сака да го види и него на „Енфилд“. Според информациите, Ливерпул за услугите на најдобриот играч на Лион понудил сума од 69 милиони евра.
Фекир во Лион одигра навистина одлична сезона во која постигна 23 погодоци.
Покрај тоа, да потсетиме и дека Ливерпул минатото лето го договори Кеита од Лајцпиг.