Манчестер Јунајтед игра сезона за заборав, а на лето со новиот менаџер сигурно ќе следува голема реконструкција на тимот.
Веќе се знае кој сигурно заминува, Мата, Матиќ и Погба го напуштаат „Олд Трафорд“, а Тен Хаг нема да смета сигурно и на Баи, Ван Бисака и Џонс.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Медиумите на Островот пренесуваат дека Тен Хаг сигурно во тимот ги гледа Де Геа, Варан, Далот, Бруно, Санчо, Мектомини, Еланга и Ван де Бек, кој ќе се врати од позајмица. Ова не значи дека сите ќе бидат стартери, но ќе бидат основа на тимот.
Медиумите додаваат дека и Тен Хаг напорно работи на пронаоѓање на причините поради кои Хари Мегваер игра многу подобро за репрезентацијата на Англија, но не и за „црвените ѓаволи“. Некои медиуми пишуваат дека Манчестер Јунајтед можеби бара нов централен дефанзивец кој игра со лева нога и кој ќе биде идеален партнер за Англичанецот.
Исто така нејасна е иднината и на Маркус Рашфорд, за кого Тен Хаг се уште нема донесено конечна одлука дали да го задржи во тимот.