Во недела на програмата е големото дерби помеѓу Манчестер Јунајтед кој на „Олд Трафорд“ ќе го пречека градскиот ривал, Манчестер Сити.
Давид Силва, кој го постигна погодокот за победа против Вест Хем, во изминатото коло беше под знак прашање за претстојниот дуел, дури и Гвардиола изјави дека Шпанецот не се чувствува најдобро по тој меч, а некогашниот играч за врска на Валенсија не отпатува со екипата во Украина на мечот од последното коло во групната фаза од ЛШ против Шахтјор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гвардиола сепак на конференцијата за медиумите во пресрет на дербито потврди дека Шпанецот ќе биде подготвен.
„Тој ќе игра. Дкторот на почетокот на неделата истакна дека постои сомнеж и затоа го кажав тоа, но денес откако пристигна ми кажа дека е сосем добро, па ќе игра“,истакна Гвардиола.
Од друга страна, Мурињо нема да може да смета на Пол Погба, кој заработи црвен картон пртив Арсенал, додека Немања Матиќ има проблем со повредата, но се очекува да биде во состав против „Граѓаните“.
Што се однесува до оние кои подолго се надвор од теренот, Гвардиола не може да смета на Менди и Стоунс, додека Мурињо на располагање нема да ги има Баи и Керик.