Крилниот напаѓач на Милан, Самуел Кастиљехо е пред трансфер ви ЦСКА Москва, пренесуваат италијанските медиуми.
Кастиљехо цело лето беше на излезна врата од Милан, а со доаѓањето на Месијас неговата минутажа сигурно додатно ќе се намали.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Трансфер пазарот во Русија е отворен до 7 септември, па ЦСКА Москва започна преговори со Милан за трансфер на Шпанецот.
Фудбалерот е отворен за преселба во Москва, а двата клуба ги договараат последните детали.
Кастиљехо треба да се пресели во ЦСКА на едногодишна позајмица со задолжителен откуп за сума од 8 до 10 милиони евра.